Конференција за женско претприемништво
Здружението на бизнис жени во Македонија, во соработка со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и поддршка на Регионалниот центар за претприемничко учење на Југоисточна Европа (SEECEL) од Загреб, денеска организира конференција на тема „Женското претприемништво - мотор за создавање работни места - Примери на добра пракса во Р. Македонија”.
Целта на конференцијата е да се презентираат резултатите од регионалниот проект „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа”, кој беше реализиран во периодот 2012 – 2015.
Носители на проектот се SEECEL и Иницијативата за одржлив развој (Gender Task Force-GTF), под координација на Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council - RCC). Во проектот учествуваа претприемачи од земјите од Југоисточна Европа - Македонија, Србија, Албанија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Косово, Турција и Молдавија.
Главни цели се промовирање на женското претрприемништво во Југоисточна Европа преку заеднички напори на јавниот и приватниот сектор, промовирање на добрите практики во женското претприемништво, во согласност со Европскиот закон за малите и средните претпријатија (SBA), како и градење и зајакнување на националните и регионалните мрежи и здруженија на жени претприемачи.
На конференцијата ќе биде прикажан и филм за успешните жени претприемачи од Македонија, снимен како дел од финалната фаза на проектот.
Ново на Сител
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија