Конференција за социјален активизам ENGAGE
Во просториите на Кино Фросина, МКЦ, денеска по деветти пат ќе се одржи конференција за социјален активизам ENGAGE, во организација на Радио МОФ.
Како што е најавено, говорници на ENGAGE ќе бидат: Alina Aflecailor од Greenpeace, Sara Mardini, активистка за човекови права и обучен спасувач, Katarzyna Pruszkiewicz, новинарка која во Полска разоткри фарма на тролови на Твитер, Michał Woźniak, хакер и активист кој ќе зборува како технологијата влијае на иднината на демократијата, Dan Lahav, дебатер и компјутерски инженер, Антонио Михајлов, Skopje PRIDE, Горан Кунгуловски, доктор и био-инженер, Бесиан Мехмети, архитектот на ОУ „Киро Глигоров“, Кирил Пржо Арсовски, биолог и еколог, Калиа Димитрова и Ена Бендевска, од Медуза и Фејми Даут од Медена Земја.
На младинската сцена ENGAGE Youth говорници ќе бидат Тимот Андромета, кои ќе зборуваат за креирањето на апликацијата SpeakOut; Сашо Јандрески, средношколец кој измисли уникатен медицински шприц, Рита Бехадини, активистка која самостојно покрена акција за собирање на школски прибор за деца од помалку имотни, Иван Мицков од coolinari.mk кој ќе зборува за иновативната можност за промоција и запознавање со средношколците кулинари и Кариерен Центар од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ чии претставници ќе зборуваат за концептот на кариерните центри применет во пракса и можноста за себе-пронаоѓање и дружба .
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода