-->
-->
Конференција за реформите во судството
-->

„Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, а во соработка со Здружението на судии и Здружението на судска администрација.
Настанот е дел од ИПА II проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството” финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии.
На конференцијата ќе се презентираат активностите и целите на проектот, а ќе се елаборира и дебатира потребата од заедничката заложба на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија за поуспешни судски реформи.
Според агендата, на конференцијата ќе се обратат министерка за правда Рената Дескоска, претседателката на Институтот за човекови права Маргарита Цаца Николовска, претседателката на Центар за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска, директорката на Академија за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска, претседателот наЗдружението на судии Џемали Саити и претседателот на Здружението на судска администрација Борче Мирчески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
