Конференција за одржливост на младинските центри за репродуктивно здравје „Сакам да знам“
Прва Конференција за одржливост со претставници на приватниот сектор ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
На конференцијата ќе се дискутира корпоративната општествена одговорност во областа на сексуалното и репродуктивното здравје, односно за поддршка на Младинските центри „Сакам да знам“.
„Сакам да знам“ се два младински центри во кои веќе десет години младите од Скопје добиваат бесплатни и доверливи услуги за репродуктивното здравје. Тим од лекари, социјални работници и прихолози на повеќе од 2.500 клиенти годишно им обезбедува интегрирани услуги и информации на едно место.
На Конференцијата за одржливост се очекува да присуствуваат 40 претставници од приватниот сектор кои веќе се препознаени по своите заложби, како и компании кои ја препознаваат потребата од активно вклучување на корпоративниот сектор во заедницата.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка