Конференција за намалување на користење на интернетот за терористички цели

„Намалување на користење на интернетот за терористички цели“ е темата на денешната регионална конференција што ќе се одржи во Скопје во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Оддел за транснационални закани.
На конференција, покрај учесници од Република Македонија предвидено е да присуствуваат претставници од релевантни институции и од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора и Мисијата на ОБСЕ во Косово.
Воведни обраќања предвидено е да имаат шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен, амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
