Конференција за намалување на користење на интернетот за терористички цели
Седумдесетина судии, јавни обвинители и истражители од 12 држави од Југоисточна Европа на регионалната работилница, што се одржува денеска и утре во Скопје, ќе добијат насоки за примената на постојните законски рамки и практики на национално и меѓународно ниво во поглед на криминализацијата, истрагата и гонењето при употреба на интернет во терористички цели.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска на отворањето на работилницата истакна дека последните меѓународни терористички инциденти покажаа дека социјалните медимуми и другите интернет комуникации играат огромна улога во поттикнувањето, планирањето и извршувањето на актите на тероризам.
- Интернетот се користи во комуникацирањето на насилните радикални или екстремистички идеологии, реторики, за регрутација и обучување на нови членови, прибирање и префрлување на средства за терористички цели, сајбер напади, а особено видоизменетите форми во вид на он лајн пропагандата поврзана со радикализираните поединци, рече Арнаудовска и додаде дека сите овие дејствија кои се користат од страна на терористичките групациии опасно е кога се насочени кон ранливите корисници како што се младите луѓе.
Според неа, овие форми на криминал наметнаа потреба од нова акција на државата и како што истакна, се поставува прашањето за контрамерките кои компаниите кои ги контролираат он лајн содржините ги превземаат за блокирањето на терористичките и екстремистичките комуникации, за потребата од ефикасно откривање, гонење и обезедување докази, воведување засилени мерки и основање посебни единици за престренување на овој вид на криминал.
Во контекст на тоа ја посочи и потребата од проширување на посебните истражни мерки кои, како што рече, треба да бидат легитимни и да обезбедат баланс со системот на заштита на човековите права, но и заштита на сведоците, жртвите, судиите, обвинителите и институциите надлежни за спроведување на законите во оваа област.
Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен изјави дека клучно во борбата против тероризмот претставува токму соработката помеѓу органите на прогонот, обвинителството и судството. - Всушност и самите експерти кои работат на ова поле остваруваат и регионална соработка преку која ќе можат да учат, да ги дискутираат најдобрите практики од ова поле кои што ќе доведат до се поголемо кривично гонење на овие случаи, додаде таа.
Соумалаинен смета дека дводневната работилница ќе понуди и различни примери на алатки кои што ќе можат да се користат во борбата против тероризмот.
- Безбедноста, заедничките интереси, довербата и соработката се клучни зборови за денешната конференција, рече амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер.
Според неа, тероризмот претставува закана за мирот, безбедноста, како и за социјалната и за економската кохезија и соработка.
Регионалната конфренција насловена „Намалување на користење на интернетот за терористички цели“ е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Оддел за транснационални закани.
На конференција, покрај учесници од Република Македонија има и претставници од релевантни институции и од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора и Мисијата на ОБСЕ во Косово.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец