Конференција за дивите депонии и загадувањето

„Загадување на воздухот и нерегулираните депонии“ е темата на денешната меѓународна конференција „GREDIT 2018“ во организација на Балканската асоцијација за животна средина, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, Пакомак, Организацијата ФУЕЛ и 6-тата ѕвезда.
На дводневната конференција во амфитеатарот на Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје, околу 300 научници од 20 држави ќе дебатираат за важноста на зелените пристапи при управување со животната средина, преку планирање и искористување на еколошките технологии и системи во одржливите Зелени инфраструктури.
Најавено е и обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
На втората научна меѓународна конференција на „GREDIT“ ќе бидат претставени 150 научни трудови на автори од Македонија, Иран, Турција, Кипар, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Русија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна, Хрватска, Италија, Португалија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и други земји.
„ГРЕДИТ 2018“ е посветена на зелениот развој, зелената инфраструктура и зелените технологии. Според организатороите, веднаш по заклучоците од „ГРЕДИТ 2016“ стана јасно дека е потребно научните и техничките достигнувања од областа на влијанијата врз животната средина практично да бидат применети.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
