Конференција посветена на Самитот Париз Балкан 2016
Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Париз Балкан 2016 - Клучни предизвици и очекувања на Република Македонија“.
Конференцијата, како што е најавено, ќе ја отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорката на Франција Лоранс Оер.
На конференцијата предавање ќе одржи амбасадорот Антоан Грасен, задолжен од страна на француската Влада за организација на Самитот за земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 4 јули оваа година во Париз. Грасен, како што најави Француската амбасада во Скопје, ќе направи презентација на Самитот и на темите што ќе бидат опфатени на настанот, а еден дел ќе биде посветен на регионалните инфраструктурни проекти и дополнителните мерки од областа на транспортот и енергетиката, тема која ќе има значајно место на самитот.
На конференцијата во МНР најавено е и присуство и на амбасадорите на Република Австрија, Ренате Коблер, на Германија, Кристине Алтхаусер и на Италија, Ернесто Белели.
Ново на Сител
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим