Конференција по повод Светскиот ден на жената претприемач
Конференција по повод Светскиот ден на жената претприемач (WED - Women entrepreneur day) организира денеска Здружението на бизнис жени во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Стопанската комора на северозападна Македонија, Здружението на жени менаџерки Елит и маркетинг агенцијата Марили.
На конференцијата ќе се презентираат заклучоците од истражувањето „Состојбите на женското претприемништво во Македонија” спроведено на 1.024 жени во 12 градови.
Предвидени се и обраќања на министерот за економија Дритон Кучи, WED амбасадорот за Македонија Валентина Дисоска, претседателката на ССК Данела Арсовска, претседателката на Групацијата за женско претприемништво при Стопанска комора на северо-западна Македонија Гзиме Фејзи, претседателката на Елит Ленче Угриновска, претседателката на Марили Лидија Трипуноска и претставникот на IME Жаклина Гештаковска Алексовска.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни