Конференција по повод Светскиот ден на „вранецот“
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска ќе се обрати на конференцијата по повод Светскиот ден на „вранецот“.
Со Светскиот ден на „вранецот“ што ќе се одржи денеска во Скопје, оваа винска сорта ќе се постави на исто рамниште со останатите познати сорти винско грозје, информираа од Здружението „Вина од Македонија“, што е организатор на настанот. Велат дека „вранецот“ е нераскинлив дел од винскиот и културниот идентитет на земјава, но и на целиот балкански регион.
На конференцијата предвидено е да има панел-дискусии со светски вински професионалци кои ја истражуваат оваа сорта: Керолин Гилби, Дарел Џозеф и Питер Меккомби, a гости ќе бидат вински новинари од Европската Унија и вински судии од Велика Британија.
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања