Конференција по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски
По повод одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, денеска и утре во Охрид ќе се одржи меѓународната конференција „Свети Климент Охридски - Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“.
Конференцијата ја организираат Православниот богословски факултет „Свети Клиемнт Охридски“ - Скопје под покровителство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, а е дел од Државната програма за одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.
На конференцијата ќе учествуваат научници и теолози од Богословските факултети при Универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје.
На отворањето на конференцијата предвидено е да се обратат претседателот Ѓорге Иванов, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд