Бизнис
13. јуни 2017 - 8:29

Конференција „Економски модел: Кон кохерентна политика за раст во ЈИЕ“

Во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска во Скопје ќе се одржи трибина во рамки на регионалниот проект „Економски модел: Кон кохерентна политика за раст во ЈИЕ“.

Целта на проектот е да се отпочне експертска дебата за пречките за економскиот развој во Југоисточна Европа, имајќи ги предвид сличностите и специфичните одлики на земјите од регионот.

Најавено е обраќање на амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер.