Коневски и Чурлиновски повторно кандидати за градоначалници на Аеродром и Валандово
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека нивни кандидат за градоначалник за општина Аеродром на претстојните локални избори ќе биде Ивица Коневски, а за општина Валандово, Николче Чурлиновски.
Генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски на прес-конференција истакна дека се работи за кандидати кои веќе зад себе имаат успешно реализирани проекти.
- Понудата на ВМРО-ДПМНЕ како од аспект на кандидати, така и од аспект на програма и проекти се гаранција дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес и во насока на реализација на потребите на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија знаат дека може да се потпрат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа гарантира продолжување на континуитетот на реализирани комунални и инфраструктурни проекти во нивната општина, рече Мицковски.
Тој додаде дека граѓаните за овие три месеци можеле да ја увидат разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа на претстојните локални избори.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола