Конечни резултати: Албанија „обоена во виолетова“ локална власт
Попладнево конечно заврши пребројувањето на гласачките ливчиња од неделните локални избори во Албанија и е потврдено дека локалната власт е целосно обоена виолетово, што е партиска боја на владејачките социјалисти.
Како што јави дописничката на МИА, податоците потврдуваат дека дури 60 од вкупно 61 општина ќе бидат раководени од кандидати на Социјалистичката партија. Во 30 општини имаше само по еден кандидат и тоа од редовите на социјалистите.
Единствена општина во Албанија каде новиот градоначалник не е од социјалистичката партија е општина Финиќ, каде новиот градоначалник е од партијата на грчкото малцинство, МЕГА, Кристо Кичо.
Градоначалници жени добија седум општини, Пермет, Курбин, Делвина, Патос, Расковец, Либохово и општина Ура Вајгуроре.
Изборите не ги признава обединетата албанска опозиција предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша.
Претседателот Илир Мета е со став дека избори без опозиција се неважечки. Тој денеска предложи на 13 октомври за кога, на 27 јуни, ги презакажа локалните избори да се одржат и предвремени и претседателски избори.
Ново на Сител
-
14 осомничени за пожарот во Kочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца