Кондовски ветува модерни сообраќајни решенија во Битола
Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски најави модерни сообраќајни решенија кои според него се обележје на секој модерен и организиран град.
Преку современа сообраќајна реорганизација заснована на соодветни сообраќајни студии, посочи Кондовски, Битола ќе биде многу поорганизирана, сообраќајно растоварена и просторно оплемента.
-Битола ќе добие нов лик, квалитетен јавен простор и подобрување на безбедноста и мобилноста за сите учесници во сообраќајот. Првиот проект во таа насока, особено важен за централното градско јадро е предвиден на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ како една од најфрекфентните сообраќајници со дневен промет кој се мери со илјадници возила. Во шпицот на денот тука минуваат и по 1.600 возила во еден час. Вкрстувањето на оваа улица со Широк Сокак ја прави и една од најтесните грла, поради што во летниот период вечерно е блокирана и неупотреблива. Дополнително, енормната потреба од паркинг простор, плоштадот „Гоце Делчев“ наместо прекрасно и оплеменето градско јадро е претворен во општински паркинг, што ја грди Битола. Токму затоа, ќе биде извршено пробивање на подземна сообраќајница со што „Широк Сокак“ ќе стане континуирана пешачка зона, најави Кондовски.
Тој вети и изградба на подземна гаража со капацитет од 250 возила.
-Овој проект ќе чини 4 милиони евра. Неговата реализација ќе биде завршена во рок од три години. Преку овој значаен проект, но и многу други сообраќајни решенија кои ќе бидат претставени во текот на изборната кампања, Битола ќе заличи на организиран и модерен европски град, истакна Кондовски.
Ново на Сител
-
Приведен крадец баран по централна потерница
-
Најниска температура утрово во Лазарополе, во Дојран измерени 18 степени
-
Израел започнува дневни „тактички паузи“ во јужна Газа за да овозможи проток на помош
-
Европскиот парламент остана без пратеници Роми
-
Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит
-
Посебен сообраќаен режим во општина Илинден поради велосипедска трка
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале