Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме
Гитаристот Дарко Багески ќе одржи солистички концерт на 29 септември во Стокхолм, кој е организиран од Амбасадата на Република Македонија во Шведска. Концертот е хуманитарен и средствата ќе бидат донирани за населението во Скопско погодено од поплавите по невремето на 6 август.
На концертната програма се дела од Џулијани, Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис.
Наредниот ден, 30 септември, Багески ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Дарко Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.
Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис...
Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска..., настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.
Ново на Сител
-
Протест во Кочани
-
Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа
-
Увидните дејствија за несреќата во Кочани сѐ уште траат, велат од ЈО
-
Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите
-
Министерот за здравство Таравари ќе ги посети пациентите во Солун и Софија
-
Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
-
МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите 078 378 754
-
„Лажат дека пиротехниката ја донел бендот“ - се огласи сопругата на Андреј од „ДНК“