Македонија
30. July 2015 - 8:51

Концерт на виолинистката Вероника Мона Богиќ во Струга

Младата виолинистка Вероника Мона Богиќ, во рамки на својата двомесечна турнеја во регионот, вечер ќе одржи концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. 

На програмата, ќе бидат дела од Бах, Тартини, Моцарт, Де Фалја...

Богиќ е родена во Белград со македонски корени. Од најрана возраст покажува интерес за повеќе области на уметноста. Таа пее, свири на виолина и клавир, но и слика. Добитничка е на многу фестивалски и меѓународни награди.