Македонија
9. March 2016 - 8:44

Концерт на турска музика во Дом на АРМ

Институтот „Јунус Емре“ од Скопје во соработка со Универзитетот Газиантеп од Турција и Агенцијатa за развој „Ипекјолу“, вечер во Домот на Армијата од 19 часот организира концерт на кој ќе бидат изведени турски народни ора и турска музика и ритуалот сема. 

- Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушаат турски народни песни со анадолиски мотиви и да видат фолклорни носии од различни анадолиски региони. Вечерта ќе биде збогатена со прикажување на сема - дервишко вртење со познатата филозофија за љубов и сочувство на големиот поет - гуру Џелалудин Мевљана Руми. УНЕСКО ги има ставено вртечките дервиши на својата Листа на светско културно наследство, информира „Јунус Емре“.

Концертот е насловен „Духот на турската музика на Балканот“, а влезот за посетители е бесплатен.