Концерт на пијанистот Николај Лугански на Охридско лето

Рускиот пијанист Николај Лугански вечер ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ во рамки на 55. издание на фестивалот„Охридско лето“.
Лугански, според критичарите, е пијанист со исклучителна префинетост, чуствителност и „кристална убавина“ во свирењето, слична на Моцарт и Шопен, но и виртуозност која потсетува на Рахмањинов и Прокофјев. Добитник е на голем број награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ за 2013 година.
Настапувал во некои од најпрестижните светски сали, како „Вигмор хол“ во Лондон, „Концертаус“ во Берлин, „Театр де Шанз Елизе“ во Париз, Московскиот конзерваториум, Филхармонијата во Санкт Петербург, а соработувал и со значајни оркестри како Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар...
Покрај солистичките концерти, Лугански настапувал и како камерен музичар со Миша Мајски, Вадим Репин, Александар Књазев и други, а често гостувал и на познати светски фестивали.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
