Концерт на македонски автори во музејот „Борис Христов“ во Софија
Вечер на македонски автори ќе се одржи во концертната сала на музејот „Борис Христов“ во Софија. На концертот ќе бидат изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.
Ќе настапат флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ кои ќе изведат дела од Стојан Стојков, Гоце Гавриловски, Валентина Велковска-Трајановска, А. Мелоти, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица и Трајко Прокопиев.
Митева дипломирала на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија и магистрирала во класата на проф. Лидија Ошавкова. Вонреден професор по флејта е на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Трбојевиќ дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Лепша Пиперковска, а магистрирала во класата на проф. Евушка Трпкова-Елезовиќ. Од 2016 година е доцент на Музичката академија на Штипскиот универзитет.
Нивниот вечерашен настап во Софија е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Уставен се уште нема претседател
-
Силјановска на Коференција за европските интеграции
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лога оди во опозиција
-
Коцевски: Има нелогичности во тендерот за Бехтел и Енка
-
Честите смени на директори на штета на здравствените услуги
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗС: Раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, стагнира македонската економија
-
Тема на денот со Славјанка Петровска