Концерт на хорот „Про Арс“ во МОБ
Во фоајето на Македонската опера и балет вечерва концерт ќе одржи диригентот Сашо Татарчевски и мешаниот хор „Про Арс“.
Концертот е насловен „Бисери на македонското хорско творештво“, а на програмата се композиции од претставниците на првите генерации на македонската композиторска школа, Властимир Николовски, Кирил Македонски, Стефан Гајдов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Стојан Стојков и Драган Шуплевски.
Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски. Во своето петгодишно делување хорот има настапи на Охридско лето, Денови на македонска музика, самостојни концерти од циклусот „Јубилеи“, соработка на проекти со разни други институции и фондации како и студиски снимки за високобуџетни филмски остварувања и странски едукативни програми.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите