Комплетно опремени собите во „Ибис“ хотелите и подготвени да прифатат лица во изолација

Двата хотела „Ибис Скопје“ – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени се веднаш да прифатат лица на кои им е определена изолација.
Од „Аџибадем Систина“ информираат дека на располагање се ставаат вкупно 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби за луѓе со посебни потреби.
– Хотелите располагаат и со шест фамилијарни соби. Сите се опремени соодветно на потребите и барањата за згрижување граѓани за кои е утврдено дека треба да се во изолација, од аспект на медицинска опрема и средства за дезинфекција, соопштуваат од „Аџибадем Систина“.
За лицата, посочуваат, ќе биде обезбедена храна и стручен медицински персонал.

– Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик. Доколку има лица кои ќе покажат симптоми на коронавирусот (Ковид-19), истите ќе се дислоцираат на посебен безбеден начин до локации кои Министерство за здравство ќе ги определи за третман на заболените, информират од „Аџибадем Систина“.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
