Loading Video...
Фудбал
15. September 2022 - 10:11
Комплетирано второто коло во Лигата на шампионите
Комплетирано е второто коло во елитната фудбалска Лига на шампионите, по кое осум екипи имаат максимални 6 бодови.
Актуелниот европски првак Реал до вториот триумф стигна пред своите симпатизери во Мадрид каде го совлада Лајпциг со 2-0. Кралевите отпорот на германскиот тим го скршија во завршните 10 минути откако Валверде во 80-тата го постигна првиот гол, а Асенсио во последната минута беше стрелец на вториот гол.
Речиси на исит начин и Манчестер Сити стигна до втората победа. Во дебито од Г групата, популарните „граѓани“ со пресврт во завршните 10 минути ја победија Борусија Дортмунд со 2-1, откако во гостите со голот на Белингам во 56-минута поведоа први, а во 80-тата и 84-тата минута Соунс и Халанд ги постигнаа головите за англискиот тим.
Наполи на Ељиф Елмас славеше на гостувањето во Глазгов кај Ренџерс со 3-0 по што Наполитанците се единствени во А конкуренцијата со 6 бодови.
ПСЖ и Бенфика имаат максимални шест бодови во последната Х група откако „светците“ во Хаифа го победија Макаби, а Бенфика го изненади Јувентус на гостински терен со 2-1, па италијанскиот тим по два меча останува на нула бодови.
Во елитното натпреваруваше следува речиси три неделна пауза, по што на 4 и 5 октомври ќе се одиграат натпреварите од 3.коло.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->