Loading Video...
Фудбал
24. October 2019 - 15:05

Комплетирано 3.коло во Лигата на шампионите

 
 
Со осумте натпревари кои се играа во сегментот на групите Е до Х, комплетирано е 3.коло во Лигата на шампионите
 
Актуелниот европски првак Ливерпул забележа убедлива победа на гостувањето кај Генк со 4-1, а два гола за “црвените“ постигна Окслејд-Чемберлен
 
Во истата Е група, два гола постигна и Мартенс за составот на Наполи кој кај Салцбург славеше победа со 3-2, меч на кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 10.минути. 
 
Во Ф конкуренцијата. Во Прага Барселона ја совлада Славија со 2-1, откако мести погоди во 3.минута, а Олајинка во 57-та си постигна автогол
 
Интер пак со головите на Мартинези Кандрева ја победи Борусија Дортмунд со 2-1.  Во оваа група Барселона е лидер со 7 бодови, три повеќе од Интер и Борусија. 
 
 
Иако Зенит по првиот дел имаше водство на гостувањето кај Лајпциг сепак германскиот тим со два гола во второто полувреме на крајот се радуваше на победа со 2-1. 
 
Интересно беше и на дуелот меѓу Бенфика и Лион во кој домаѓините поведоа уште во 4.минута, а победничкиот гол за 2-1 го поостигна Пици на 4-минути пред крајот.
 
Најнеизвесно беше во последната Х група, во која во дербито на вечерта Челзи во Амстердам го победи Ајакс со 1-0 со голот на Батшуаи во 86.минута. 
 
Во Лил истоимениот француски тим се спаси од пораз во дуелот со Валенсија и тоа благодарение на голот на Иконе во четвртата минута од судиското дополнение на мечот. 
 
 
Комплетни резултати и табели по одиграните дуели од 3.коло 
 
Група „Е“  ГЕНК - ЛИВЕРПУЛ 1: 4 (0: 1) и САЛЦБУРГ - НАПОЛИ 2: 3 (1: 1)
Табела: Наполи 7, Ливерпул 6, Салцбург 3, Генк 1.
 
Група „Ф“  СЛАВИЈА ПРАГА - БАРСЕЛОНА 1: 2 (0: 1) и ИНТЕР - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 2: 0 (1: 0)
Табела: Барселона 7, Интер 4, Борусија Дортмунд 4, Славија Прага 1,
 
Група „Г“  ЛАЈПЦИГ - ЗЕНИТ 2: 1 (0: 1) и БЕНФИКА - ЛИОН 2: 1 (1: 0)
Табела: Лајпциг 6, Зенит 4, Лион 4, Бенфика 3.
 
Група „Х“  АJАКС - ЧЕЛЗИ 0: 1 (0: 0) и ЛИЛ - ВАЛЕНСИЈА 1: 1 (0: 0)
Табела: Ајакс 6, Челси 6, Валенсија 4, Лил 1.