Loading Video...
Тенис
21. November 2019 - 18:20

Комплетирани двојките за четвртфиналето на Дејвис Купот

Во Мадрид се игра завршницата на Дејвисовиот тениски куп на кој се познати сите двојки за четвртфиналето 
 
Денеска на програмата три дуели во групната фаза.  
 
Од првата „А“ група, Србија која беше подобра од Франција во четвртфиналето за противник ќе ја има селекцијата на Русија. 
 
Подобриот од тој меч во полуфиналето ќе се сретне со победникот од вториот четвртфиналет пар кој го сочинуваат Австралија и Канада
 
Победниците од преостанатите два четвртфинални парови, Шпанија  - Аргентина и Велика Британија – Германија, ќе ја сочинуваат втората двојка за полуфиналето. 
 
Освен дуелот меѓу Австралија и Канада кој се игра вечерва останатите четвртфинални дуели на програмата се утре.