-->
-->
Комплетирани четвртфиналните двојки во кошаркарскиот Еврокуп
-->

Со четирите реванш осминафинални натпревар одграни вчеравечер во кошаркарскиот Еврокуп, комплетиран е списокот на учесници, но и парови во четвртфиналето на ова натпреварување.
Најголемото изненадуваше синоќа го направи екипата на Зелена Гора која иако го загуби првиот меч на домашен терен од Уникс со 14 поени разлика, сепак во реваншот одигран во Казан, ја надополни негативата со победата од 17 поени разлика.
Пласман меѓу осумте најдобри вчера обезбедија и Гранд Канарија, Армани Милано и Нижни Новгород. Ден порано во четвртфиналето се пласираа: Баерн Минхен, Галатасарај, Стразбур и Тренто.
Комплетни резултати од реваш осминафиналите натпревари во кошаркарскиот Еврокуп:
Галатасарај - Пинар Каршијака 93-65 (64-67 прв натпревар),
Баерн Минхен – Алба Берлин 84-75 (82-82),
Тренто – Сарагоса 79-65 (83-85),
Олденбург – Стразбур 64-93 (78-76),
Уникс Казан – Зелена Гора 54-71 (72-68),
Зенит Санкт Петербург – Нижни Новгород 89-74 (76-102),
Армани Милано – Банвит 79-76 (72-69) и
Гранд Канарија – Лимож 77-78 (82-65).
Така, во четвртфиналето на второто по квалитет европско клупско натпреварување во кошарка, ќе играат: Баерн Минхен – Галатасарај, Гранд Канарија - Зелена Гора, Стразбур - Нижни Новгород и Армани Милано – Тренто.
Првите натпревари на програмата се на 15-ти, додека реванш дуелите ќе се играат на 23 март .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
-

Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
-

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие
-

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител
-

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен
