Компанијата „Неуралинк“ на Илон Маск доби одобрение од ФДА за истражување на мозочни импланти
Компанијата за импланти на мозокот на Илон Маск, „Неуралинк“ (Neuralink), вчера соопшти дека добила зелено светло од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) да го отпочне своето прво клиничко испитување врз луѓе.
Сепак, компанијата, основана во 2016 година, до почетокот на 2022 година не побара одобрение од ФДА, а агенцијата го одби барањето, изјавија во март седуммина сегашни и поранешни вработени, додавајќи дека ФДА и искажала на „Неуралинк“ за неколку загрижености што таа треба да ги реши пред да ги почне испитувањата врз луѓето.
Главните проблеми ги вклучуваа литиумската батерија на уредот, можноста за мигрирање на жиците на имплантот во мозокот и предизвикот за безбедно извлекување на уредот без оштетување на мозочното ткиво.
Вчерашното одобрување од ФДА доаѓа во момент кога американските законодавци ги повикуваат регулаторите да истражат дали составот на панелот што го надгледува тестирањето на животни во „Неуралинк“ придонел за неисправни и избрзани експерименти, а компанијата и претходно била предмет на федерални истраги.
Во твит од вчера „Неуралинк“ соопшти дека сè уште не е отворен за клинички испитувања.
„Ова е резултат на неверојатната работа на тимот на „Неуралинк“, во тесна соработка со ФДА, и е важен прв чекор што еден ден ќе и овозможи на нашата технологија да им помогне на многу луѓе“, објави компанијата вчера на Твитер.
ФДА засега не излезе со свој коментар на веста, пренесуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час