Компанијата „Боинг“ мора да му исплати 28 милиони долари на семејството на жртва во несреќата на „Боинг 737 MAX“ во Етиопија во 2019 година

Поротата во федералниот суд во Чикаго вчера и наложи на компанијата „Боинг“ да му исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на вработена во Обединетите нации во одделот за животна средина која загина во несреќата на авионот „Боинг 737 MAX“ во Етиопија во 2019 година.
Пресудата изречена на семејството на Шика Гарг е прва од серијата тужби поднесени по оваа несреќа и уште една во Индонезија во 2018 година, во која загинаа вкупно 346 лица.
Според адвокатите на семејството, со спогодбата постигната вчераутро семејството на Гарг ќе добие 35,85 милиони долари, односно целиот износ на пресудата плус 26 проценти камата, и „Боинг“ нема да поднесе жалба.
Компанијата сè уште не одговори на барањето за коментар.
Адвокатките Шанин Спектер и Елизабет Крофорд, кои го застапуваа семејството, во соопштението изјавија дека пресудата „обезбедува јавна одговорност за погрешното однесување на ’Боинг’“.
Гарг имала 32 години кога авионот на летот 302 на „Етиопијан ерлајнс“ од Адис Абеба, Етиопија до Најроби, Кенија се урна само неколку минути по полетувањето, изјавија нејзините адвокатки.
Во тужбата се тврди дека авионот „Боинг 737 МАКС“ бил неправилно дизајниран и дека „Боинг“ не ги предупредил патниците и јавноста за опасностите.
Авионот на „Етиопијан ерлајнс“ се урна пет месеци откако авионот на „Лајон ер“ се урна во Јаванското Море во Индонезија.
Истрагата покажала дека автоматизираниот систем за контрола на летот придонел за двете несреќи.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
