Комити вечерва на протест пред Собрание: Aпсења и притисоци не не плашат, ние сме Комити и ќе ве најдеме!
– Недела 17.06 2018 со почеток од 20.00, повторен собир пред Собранието на Република Македонија. Ќе повториме дека ние иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската, како граѓани, должни сме да искочиме и да си го браниме ова наше парче земја, повикува навивачката група Комити на протест вечерва преку ненвиот официјален Фејсбук профил.
– Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност за да дојдете во Скопје, организирајте се локално. Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас, апсења и притисоци не не плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни “режимот”, а ни “шарената револуција”, ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја. Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на Македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е појак од народот кога е сплотен. Затоа ве замолуваме, раширете го идеалот за слобода, соберете ги вашите најблиски и без страв искочете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија! Да живее Македонија!!!
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит