Македонија
4. April 2019 - 16:07

Комитетот за истраги со детали за падот на Цесната

Нема да дозволиме истрагата за падот на авионот  Цесна да отиде во погрешен правец порача претседателот на комитетот за истраги на авионски несреќи. Црна кутија авионот немал, па за да се дојде до вистионата ќе се собираат извештаите од сите надлежни институции а детално ќе се анализира и секој дел, од  резервоарот за гориво до најситните парчиња. Првичен увид е направен на местото на несреќата, авионот е обезбеден и штом ќе дозволат временските услови остатоците од воздухопловот  ќе бидат подигнати за вештачење. Истрагата ќе ја води тимот на комитетот со експерти од повеќе области од земјава а постои можност бидат вклучени и професионалци од странство. Истрагата ќе ја следат и двајца истражители од Бугарија.

Првите резултати ќе бидат објавени најрано за 30 дена  а откако ќе се утврдат причините за несреќата ќе се состави и препорака за превенција како да не се повтори истата грешка. Дали временските услови се причина за падот на авионот во кој загина 4 членото семејство од Бугарија, претседателот на комитетот не потврди но вели дека според комуникацијата е познато дека пилотот пријавил турбуленција. И тој ги отфрли информациите дека од скопскиот аеродром не му била дадена дозвола за слетување на пилотот поради посетата на грчкиот премиер. 

– Веќе дадовме барање до центарот за воздухопловна навигација за преслушување на авио снимката. Во делот над прилепско побарал да слета во Скопје а потоа веднаш го повлекол барањето и кажал дека продолжува кон Софија. ... “ Пилотите сами одлучуваат дали ќе летаат или не . претходно во службата за навигација го најавува и прави план и бара информации од метео службата и сите други информации. Пилотот сам си го прави патот за летање но го доставува тој план . .. 

Ваков тип на авион може да лета и на 6- 7 000 метри надморска височина. Во овој случај тој летал на 2200.