Комисијата за транспорт ја разгледа листата на итни реформи од ЕК

Комисијата за транспорт и врски денеска ја разгледа листата на итни реформски приоритети од Европската Комисија и Препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година, во делот В за независни и регулаторни, контролни и надзорни тела.
Во надлежност на Комисијата се регулаторните тела како Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за поштенски услуги и Агенцијата за железнички систем.
Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека овие регулаторни тела до Собранието доставуваат годишни извештаи за работата и финансиски извештаи и оти тие преку транспарентна постапка се разгледуваат во Парламентот.
- Овие препораки искрено ги сфаќаме како дополнителна мобилизација за институциите кои поинтензивно и позабрзано ќе продолжат да работат по препораките од Европската комисија кои секако ќе ја олеснат работата и се во насока во што покус временски период да се надмине сегашната криза и да се намалат ризиците кои во иднина би ги почувствувала државата од оваа наметната криза, рече Затуровска.
Таа нагласи дека опозицијата треба да се врати во Собранието и на демократски начин да се дебатира за сите прашања.
- Опозицијата треба да си ја исполни својата надлежност и легитимитетот којшто им е даден од граѓаните. Треба да дојде во Собранието и на демократски начин да дебатираме. Не по улици и по кампови, туку во Собранието и да го дадеме нашиот максимум за којшто граѓаните ни дале легитимитет, рече Затуровска.
Според неа, за да се подобри делот којшто се однесува на регулаторните тела потребно е да се интензивира соработката со нив на дневна основа и да се организираат повеќе јавни расправи.
Ејуп Рустеми од Демократската унија за интеграција предложи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумиски услуги и јавниот радиодифузен сервис МРТВ да достават посебни извештаи по забелешките на ЕК за кои потоа ќе расправа оваа комисија.
Ново на Сител
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
