Комисијата за европски прашања треба да почне со расправа по првиот закон за коридорите
Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи 54. седница на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д.
Законите се предложени со европско знаменце и треба да се донесат по скратена постапка.
Комисијата синоќа го усвои дневниот ред, а претпладнево, како што најави претседателот Арбр Адеми, ќе почне со расправа по првата точка - Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка.
На седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија.
Покрај овие закони, пред членовите на Комсијата е и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители кој исто така треба да се донесе по скратена постапка.
Во Собранието се најавени седници и на Комисијата за прашања на изборите и именувања, за предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители, и на Комисијата за образование и наука, за предложените измени на законите за основното образование, за основање. Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, за просветната инспекција и на Законот за спортска академија, сите во прво читање.
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
