Комисија за европски прашања: Данска поддршка за нашите евроинтегративни процеси
Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска имаа средба со данската парламентарна делегација на Комисијата за европски прашања, во рамките на нивната работната посета на нашата земја.
Воведно обраќање на средбата имаше заменик претседателката на Комисијата, Арта Билали Зендели, која истакна дека со Кралството Данска имаме добри пријателски односи, на сите полиња, при што се заблагодари на данската поддршка на процесот на проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, а во тој контекст и на нашата земја.
Потсетувајќи дека Данскиот парламент беше прв, кој го ратификуваше нашиот Договор за стабилизација и асоцијација, како и Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, таа изрази надеж дека Данска и понатаму ќе ја поддржува нашата земја на патот кон ЕУ.
Во тој контекст, Билали Зендели истакна дека како земја кандидат за ЕУ членство, сме обврзани да ги почитуваме насоките во нашата Преговарачка рамка за ЕУ членство, во кои меѓу другото,треба да ги внесеме и Бугарите во нашиот Устав. Притоа информира дека уставните измени се во собраниска процедура и дека очекува тие да се усвојат што поскоро со цел да се оддржи Меѓувладината конференција за време на шпанско претседателство, односно до крајот на годината, со цел земјата да добие позитивен импулс и ентузијазам за реализација на потребните реформи.
Претседателот на Комисијата за европски прашања Нилс Флеминг Хансен, ја повтори данската поддршката за евроинтегративните процеси на нашата земја и дека ја разбира нашата загриженост дали повторно нема да има блокади на нашиот евроинтегративен пат.
Како што е наведено во соопштението од собраниската прес-служба, Хансен истакнал дека Северна Македонија мора да ја испочитува обврската од Преговарачката рамка и да ги изгласа уставните измени, но истовремено и да работи на имплементацијата законите и прописите кои ги бара ЕУ од нас во повеќе области.
Ново на Сител
-
Полициската управа на Федерацијата БиХ ќе ги проверува наводите дали Радоичиќ набавил оружје од Тузла
-
Полицискиот хеликоптер исфрли над 40 тони вода, локализиран пожарот во Општина Зелениково | ВИДЕО
-
Мицкоски: Да се обединиме зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ковачевски: Во ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски
-
Радоичиќ сослушан, ги негирал сите кривични дела
-
Ердоган: Очекуваме повеќе од сојузниците во борбата против тероризмот
-
Милановиќ: Србија мора да објасни што се случи на Косово
-
Мицкоски на средба со туристички работници од Охрид: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде еден од приоритетите на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ