Комеморација за актерот Мите Грозданов во Драмски театар-Скопје

Денеска во Драмскиот театар Скопје со почеток во 10 часот ќе се одржи комеморативна седница за актерот Мите Грозданов кој својот активен театарски ангажман го остварува во колективот на овој театар од 1968 година до пензионирањетов во 2008 година.
Дарбата за глума кај Мите Грозданов е градена и константно потврдувана низ повеќе децениска секојдневна работа и умеење да се искачи по скалилата на уметноста до врвот на нејзниот Олимп. Својата биографија катадневно ја надополнува со трајни творечки вредности. Тие започнуваат од школското зреење и веќе се стамени со завршувањето на Факултетот за драмска уметност во Белград во 1967 година.
На самиот старт на сцената на Драмски театар во 1968 година во „Партитурата за еден Мирон“ го откри својот богат, раскошен талент, уникатен и универзален, допирлив и разбирлив. Во годините што минуваа Мите Грозданов на сцената на Драмскиот театар оствари 70-тина улоги и уште се во сеќавање неговите сценски реализации во: „Мајка“ од Виткиевич, „Грдиот Нарцис“ од Арсовски, „Јане Задрогаз“ од Стефановски, „Татко“ од Стринберг и т.н.. За своите креации многупати е почествуван со признанија и награди како „Златен ловоров венец“ на Фестивалот МЕСС, а двапати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
