Македонија
3. July 2018 - 14:10

Комбе се заби во мотоцикл - две лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Тетово. Според информациите на МВР, вчера околу 18 часот било пријавено дека на крстосницата на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки,  управувано од М.А.(62) од село Копачиндол, Тетовско и мотоцикл „Трува“ со тетовски регистарски ознаки, кој  без дозвола го управувал Ф.Х.(19) од Тетово. Притоа, со повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот 15-годишен сопатник.

Со други возила тие биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош биле задржани за натамошно лекување.

 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово  и се работи на целосно расчистување на случајот.