Командантот на Националната гарда на Вермонт, Грегори Најт во официјална посета на Скопје
Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во рамки на денешната официјална посета на Северна Македонија, ќе оствари средба со министерката Славјанка Петровска.
Како што информираат од Министерството за одбрана, по средбата се очекува да одржат прес-конференција министерката Петровска и генералот Најт.
-Оваа година се одбележува 30-години партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт. Припадници на македонската Армија и на Националната гарда на Вермонт имаат спроведено голем број заеднички обуки на кои досега учествувале над 1.800 припадници на Армијата, стои во соопштението на Министерството за одбрана.
Оттаму потсетуваат дека во 2012 година, со цел унапредување на односите и соработката и постигнување на особено значајни остварувања на Националната гарда на Вермонт и беше доделен Орден за воени заслуги.
Ново на Сител
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник
-
Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ
-
Гори Безистенот во Струга
-
Макрон му честита на Трамп
-
Зеленски му честиташе на Трамп: Верувам во продолжување на американската поддршка за Украина