Командантот на меѓународните сили во Авганистан соопшти дека почна процесот на повлекување
Американскиот генерал и командант на меѓународните сили во Авганистан Остин Скот Милер изјави дека почна процесот на повлекување од земјата и предавање на воените бази и опрема на локалните воени сили.
Милер, кој командува со американските трупи и мисијата на НАТО чија цел е поддршка на Авганистан во борбата против талибанците и другите исламистички групи, прецизираше дека меѓународните сили ќе продолжат да имаат воени средства и можности за да се заштитат за време на повлекувањето и да ги поддржат авганистанските безбедносни сили.
Официјалното повлекување, како што претходно најави американскиот претседател, треба да почне на 1 мај, во согласност со договорот постигнат со талибанците во 2020 година.
– За време на повлекувањето воените ќе им ги предадеме на авганистанското Министерство за одбрана и на другите сили, рече Милер, додавајќи дека талибанците се обврзале дека ќе ги прекинат врските со Ал Каеда.