Командант на КФОР: Курти е виновен за кризата со општините, ја употреби и полицијата без овластувања
Косовскиот премиер Албин Курти е виновен за кризата во Косово бидејќи тој „прво ги назначи Албанците за градоначалници на општините што не се признати од српското мнозинство, и покрај советите на целата меѓународна заедница. Потоа следеше едностраниот потег на Владата во Приштина да употреби сила без да се консултира со нас“, изјави командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Растуча за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, пренесе Бета.
Италијанскиот генерал нагласи дека „со тоа станала неопходна интервенцијата на КФОР за да се избегне трагедија“ и дека „две години се преземаат чекори кои не влечат наназад и сега е доста со еднострани акции“.
„Мисијата на НАТО не може и не смее да се смета за покритие и заштита на едностраните потези кои ја поткопуваат многу кревката рамнотежа“, јасно кажа командантот на КФОР во интервјуто со новинарот на „Кориере дела сера“ од Приштина.
Во извештајот се подвлекува дека „командантот на КФОР се уште е под впечаток на се, бидејќи тоа можеше да предизвика жртви доколку не интервенираа неговите војници, кои се ставија меѓу гневните Срби и косовската воена полиција“.
На прашањето „дали не беше акција на владата која дејствува на нејзина територија“, генералот Растуча одговара дека „не смееме да се преправаме дека има нормална ситуација, бидејќи тоа се одлуки донесени без наша согласност и од засегнатите страни“.
„Тоа во никој случај не придонесува за взаемна доверба, штетните последици од таквите потези секогаш мора да се проценуваат, а кога премиерот Курти разговараше со мене, секогаш велеше дека се согласува со таквиот пристап“, објасни командантот на КФОР.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
