Колумбијците го прославуваат мировниот договор со ФАРК
Неколку илјади Колумбијци се собраа на плоштадот во главниот град, Богота, за да го поздрават потпишувањето на „историскиот# мировен договор меѓу колумбиската влада и бунтовниците на ФАРК.
Со развиорени колумбиски знамиња лу]ето го прославуваа договорот за завршување на воените дејствија меѓу владините и бунтовничките сили, што траеја повеќе од половина век.
Во судирите кои почнаа уште во 1964 година, загинаа , или беа убиени 220 илјади лица, а неколку милиони Колумијци беа приморани да ги напуштат своите живеалишта и да побараат спас во делови од земјата, подалеку од главнината на воените судирања.
Претставници на колумбиската влада и на бунтовниците, преговараа повеќе од две години во Хавана.
Колумбискиот претседател, Хуан Мануел Сантос го нарече договорот „почеток на крајот на страдањето, болот и трагедијата од војната“..
Двете страни се согласија да работат на обезбедувањето поправедливо општество и за изградба на стабилен и траен мир во земјата.
„Ја постигнавме целта- војната е завршена и е обезбеден нов почеток„- изјави Хумберто де ла Кале, шеф на преговарачкиот тим на владата во Богота.
Главниот преговарач на ФАРК, Иван Маркез изјави дека владата ја извојувала „најубавата од сите битки- мир во Колумбија“.
Двете страни ја уверуваат домашната јавноста дека со потпишаниот договор во кубанскиот главен град, нема победници и губитници.
Судирањата започнаа кога военото крило на Комунистичката партија на Колумбија, во 1964 година, се определи со оружје и напади врз владините сили, да се изгради ново општество во оваа латинскоамериканска земја, врз основите на марксизмот- ленинизмот.
Владини и безбедносни проценки тврдат дека ФАРК постојано располагал со шест до седум илјади луѓе со оружје, како и со цивилна подршка на уште околу девет илјади Колумбијци.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз