Македонија
24. February 2018 - 21:42

Колку плати данок на државата среќниот прилепчанец кој доби пола милион евра од обложување?

Обложувалниците „Моцарт“ информира дека ја исплатија најголемата премија во Европа како со-однос во висина на уплатено ливче и остварена добивка, додека во државниот буџет од оваа премија на име на персонален данок се слеаја околу 3,5 милиони денари или 57.000 евра.

Обложувалницата „Моцарт“ официјално соопшти дека прилепчанец со влог од 910 денари, добил околу 550.000 евра за погодени резултати на натпревари.

– Овој маестро уште на 23 и 24 јануари годинава ги уплатил ливчињата, а среќните броеви ги заокружил дури еден месец подоцна на 21 февруари. Големината на премијата првенствено се должи на добиените ’Моцарт бонуси’ кои среќниот Прилепчанец ги искористил со тоа што должината на ливчињата била одиграна во повеќе парови со што му припаднал бонус во висина од повеќе од 50% од вкупната премија за исплата. Сето ова може да се потврди со самиот факт што само од овие добитни ливчиња на среќниот Прилепчанец, државата наплати во својот буџет околу 3,5 милиони денари на име на персонален данок на приход – се вели во соопштението од „Моцарт“.