Бизнис
22. јуни 2016 - 12:46

Колкава е вашата плата, ова е просекот во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2016 година изнесува 22.356 денари и бележи рАст опд 2,8 отсто во однос на април 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација  за 30,7 отсто, Градежништво 12,7 отсто и Стручни, научни и технички дејности за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 35,1 отсто, Стручни, научни и технички дејности 8,8 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување 5 отсто.

Просечната месечна бруто плата по врабтен во април годинава изнесувала 32.794 денари и бележи зголемување од 2,7 отсто. 

Во април 2016 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.