-->
-->
Колевски: „Рекет“ фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција
-->

Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски, денеска оцени дека случајот „Рекет“ во кој осомничена е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција.
– Верувам дека колегите преземаат се што е во нивна моќ и во нивна надлежност да го расветлат овој случај кој морам да признам дека фрла темна дамка врз целата јавнообвинителската функција, изјави Колевски, одговарајќи на новинарски прашања по неговото именување на фунцијата.
Ацо Колевски денеска едногласно беше избран за претседател на Советот на ЈО со двегодишен мандат.
Изборот на новиот претседател доаѓа ден по одлуката на Советот на ЈО да почне постапка за разрешување на СЈО Катица Јанева порад случајот „Рекет“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
