Колашинац: Во Олимпија ми се исполнија сите желби
Членот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години Амар Колашинац е нов член на професионалниот погон на словенечкиот гигант и освојувач на двојната круна НК Олимпија, клуб чиј дрес ќе го носи и во наредните три години на колку е потпишан професионалниот договор.
Колашинац е дете на ФК Вардар каде настапуваше во младинските погони и со своите игри на средината на теренот го привлече вниманието на „ловците на таленти“ па од пред две години се пресели во младинската школа на тимот од Љубљана.
Неговите добри игри му ги отворија вратите кон првиот тим на Олимпија и Колашинац го потпиша првиот професионален договор со клубот кој очекува многу од овој млад фудбалер.
„Среќна Нова година им посакувам на сите во Македонија. Очекувам лично за мене 2019г. Да ми донесе нови успеси на фудбалски план и да ги потврдам своите квалитети во првиот тим на словенечкиот првак Олимпија. Тоа е клуб со одлични услови за работа и напредување и се надевам дека ќе ја искористам довербата што ми ја укажа раководството на клубот„- истакнува младиот Амар Колашинац.
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
