Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани на пристаништето во Солун

Над 90 килограми кокаин во вредност од над 2,9 милиони евра бил откриен во пратка со банани во контејнер што на пристаништето во Солун пристигнал од Еквадор, а како примач била наведена француска компанија, која испраќа банани во Романија, јави дописничката на МИА од Атина.
Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопшти дека царинските инспектори со помош на рендген го откриле кокаинот во пратка со свежи банани.
Бил спакуван во 80 пакувања со вкупна бруто-тежина од 92,7 килограми, внимателно скриени во специјален простор на механизмот за ладење.
Дрогата и контејнерот веднаш биле конфискувани и било известено надлежното обвинителство, додека истрагата за откривање на примателите на кокаинот продолжува.
Кокаин скриен во контејнер со банани беше откриен и пред неколку дена во пратка, исто така од Еквадор, што пристигнала на атинското пристаниште.
Ново на Сител
-

Град Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово насилство
-

Кога да се побара стручна помош? | Стефанија Трајческа - Дефектолог | Sitel Podcast 130
-

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на ГП Евзони-Богородица
-

Гаража во Аеродром продадена за 30 илјади евра, за половина година становите во Охрид поскапеле за 27 проценти
-

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
-

Претреси во Скопје, приведени 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
