Џет-Сет
17. July 2016 - 14:56

Кој тоа ја гушката голата Ирина Шајк, а не е Бредли Купер?

Ирина Шајк и Бредли Купер неодамна се скараа на јавно место па додека ги снимаа камерите, изнервираната манекенка не можеше да ги сокрие емоциите.

Ирина со момчето Бредли дојде на Вимблдон за да го гледа тенискиот турнир, но притоа на целиот свет им покажа како навистина изгледа нивната врска.

Тие двајцата се расправаа, а она што посебно ги разочара обожавателките на Купер е фактот дека тој со блага насмевка се сврте кон теренот и продолжи да гледа тенис како ништо да не се случува. Шајк потоа на својот Инстаграм профил покажа дека не губи време и му зададе контраудар на познатиот актер.

Имено, фаталната Русинка објави селфи каде позира гола со друг маж. Станува збор за кампања која манекените заедно ја работата, а фотографијата е многу провокативна. Нема сомнеж дека на Бредли нема да му биде сеедно кога ќе ја види работата на својата љубена.