Кој не мора да излезе нека седи дома, температура до 41 степен
Времето во Македонија ќе биде сончево и насекаде многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 22, а највисоката дневна ќе се движи во интервалот од 34 до 41 степени.
УВ индексот ќе има особено висока вредност 9.
Во Охридско-Преспанскиот регион температирата на воздухот ќе достигне до 34 степени, а во Дојранскиот регион до 39 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а највисоката дневна ќе достигне до 39 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде утре кога на места дневната температура ќе надмине и 40 степени. Потоа и во наредните денови ќе продолжи многу топлото време, но ќе има локално зголемување на облачноста и температурите ќе се за два до три степени пониски.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени