Кој и да слави слава во ова село, никој не му доаѓа: Причината е неверојатна!

Селото Бабин поток во Прокупље единствено е познато по тоа што целото село ја слави истата слава. Во ова село кое има околу 200 куќи, 850 жители слават Свети Никола, па еден кај друг не може никој да оди на слава.
Кај семејството Тодоровиќ, четири генерации ги вршат последните припреми за славата.

- Се е спремно за славата, ги чекаме само гостите, некогаш доаѓаат сите, некои доаѓаат еден ден, други вториот, три дена славиме па кој кога стигне - вели бабата Тодоровиќ.
На Свети Никола вратата на секој дом е отворена, но жителите на ова село не можат да одат еден кај друг на слава.

- Тоа е одамна така. Можеби утредента ќе се најдеме во продавница и ќе се почастиме нешто и тоа е тоа - вели еден од жителите на Бабин поток.
Куќите во ова село се исполнети со луѓе благодарение на гостите кои доаѓаат од другите околни места или градови.
- Ние чекаме гости од страна, повеќето роднини ни живеат на страна, исто така сестрите кои се омажиле во другите села или градови доаѓаат на слава - додава друг жител.
Ново на Сител
-

Николоски: Одлични вести од Брисел, македонските возачи признаени како професионалци во ЕУ
-

Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила
-

Мицкоски: Средбите во Давос ќе имаат придобивки во повеќе сектори
-

Руски „Лукоил“ продаден на американци
-

Тошковски: Се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација
-

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци
-

Четири лица од Неготино силувале 13-годишно девојче
-

72-годишна жена од Штип измамена од лажен лекар за сума од 2.600 евра
