-->
-->
Кој е скопјанецот што го изврши милионскиот грабеж во Тутунска Банка?
-->

Б.С е татко на две малолетни деца, семеен човек на свои 40 години, пишува порталот Фактор.
Информациите на Фактор велат дека со ништо не можело да се наговести дека Б.С. кова пеколен план.
-Тој секојдневно и рутинирано си ги извршувал своите работни обврски, се насмевнувал на колегите. Важел за еден од фините колеги во трезорот, кој со задоволство, секогаш пиел кафе или одел на појадок со останатите вработени. Во позадина пак, го ковал пеколниот план. Како да избега од ова секојдневие, пишува Фактор.
Б.С е татко на две малолетни деца, семеен човек на свои 40 години.
Грабежот се случил пред 16 часот, а случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот. Се работи за сума од 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Парите, според нашите информации би требало да се осигурани. Досега истрагата вели дека вработениот парите ги ставил во кеса, без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите излегол од банката. Од МВР веќе соопштија дека по крадецот се трага со меѓународна потерница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
