Кој е политичарот кој беше нападнат со нож во Јужна Кореја – Ќе му се суди за корупција
Ли Џае-Мјунг, лидерот на јужнокорејската опозиција, кој утрово беше нападнат со нож во пристанишниот град Бусан, тесно ги загуби претседателските избори во таа земја минатата година.
Би-би-си јавува дека Ли со рана од еден сантиметар бил примен во болница во свесна состојба и дека неговиот живот не е во опасност, а напаѓачот е уапсен.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Ли паѓа додека луѓето околу него се обидуваат да го задржат напаѓачот.
Портпаролот на Левичарската демократска партија на Кореја изјави дека тој претрпел „повреда на југуларна вена“ и дека ќе му треба операција бидејќи лекарите се загрижени дека крварењето може да продолжи.
Британскиот медиумски сервис пренесува дека Ли изгубил на изборите во 2022 година за само 0,73 отсто од актуелниот јужнокорејски претседател Џун Сук Јеол, што е најмала разлика меѓу двајцата кандидати во историјата на претседателските избори во Јужна Кореја.
Се очекува Ли да се кандидира и на изборите закажани за 2027 година.
Се вели дека тој е осомничен за корупција уште од минатогодишното гласање, а обвинителите тврдат дека им дозволил на приватните инвеститори да остваруваат незаконски профит од проектите што ги одобрил како градоначалник на Сеонгнам, град со еден милион жители јужно од главниот град Сеул.
Ли ги негираше обвинувањата, нарекувајќи ги политички мотивирани.
Додека го чекал почетокот на судскиот процес за корупција, обвинителството побарало апсење на Ли, поради што тој започнал штрајк со глад и завршил во болница.
Тој не е првиот политичар во Јужна Кореја кој е нападнат на јавно место, а таквите случаи не се ретки.
Во март 2022 година, претходникот на Ли во партиската функција, Сонг Џонг-гил, го преживеа нападот, но претрпе повреди на главата, а во 2006 година, Парк Геун-Хје, конзервативната лидерка која подоцна стана претседател на Јужна Кореја, беше избодена со нож во лицето.
Ново на Сител
-
Утре повремен снег претежно во западните делови
-
Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС
-
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
-
Мицкоски: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и најможно инструменти за трансформација на општеството
-
Меџити: Денот на албанската азбука годинава се одбележува во време на жестока дебата за употреба на јазикот
-
Мицкоски: Ден на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ
-
Бела куќа: Русија е целосно одговорна за ескалацијата во Украина
-
Земјотрес почувствуван во Македонија