Кој би рекол дека е крај на љубовта: Се разведува светски познатата двојка

Очигледно оваа година адвокатите во Холивуд се прилично со полни раце работа. Имено, уште еден холивудски пар објави дека се разведува, односно глумците Џена Деван Тејтум и Ченинг Тејтум.
Парот кој важи за еден од најприкладните парови во шоу бизнисот буквално ги шокираше своите фанови и следбеници на социјалните мрежи со заедничкото соопштение.

“После девет години брак одлучивме да се разделиме. Тоа го правиме со љубов, ништо не се промени и понатаму ќе се сакаме и ќе бидеме најдобри родители на нашата Еверли”, пишува во заедничкото писмо на парот во кое се напоменува дека тие “ќе останат најдобри пријатели засекогаш”.
Исто така напиша дека тие морале на овој начин да ја соопштат нивната одлука со оглед на тоа дека се јавни личности и на нивните фанови им ја должат само вистината.

Парот се запозна во 2006 година, а три години подоцна станаа сопружници. Заедно имаат 5 годишна ќерка, која е круна на нивната љубов во која никој не се сомневаше.
За својот брак и двајцата велат дека било прекрасно патување, но дека на сето тоа му дошло крај.
Ново на Сител
-

Илјадници жители на Берлин се уште се без струја и греење
-

Изминатиот викенд приведени 13 лица за безобѕирно управување на возило, 1.402 сообраќајни прекршоци
-

Идентификувани сите 40 жртви од пожарот во барот во Кран Монтана
-

Македонски автобус излета од автопат во Србија | ВИДЕО
-

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ
-

Дончиќ и Џејмс ги предводеа Лејкерс до победа над Мемфис
-

Музеј на лоши подароци отворен во Канада: Лошото за еден-вредно за друг
-

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
